Најубавите 10 голови од „Ел Класико“: Од Ромарио до Роналдињо… (видео)

Во пресрет на денешното „Ел Класико“ кое, ако се знае дека се игра од 13 часот, повеќе ќе биде за душа на Виетнамците, Индонезијците и Кинезите…, откако за Европјаните, убаво е и мало потсетување на најубавите погодоци од пресметките меѓу Реал Мадрид и Барселона досега во историјата.

Интересно, постарите љубители на фудбалот сметаат дека оние погодоци од минатиот век се далеку подобри од денешните. Но, сепак фактите говорат дека најубавите голови се постигнати последните години.

Со исклучок на Ромарио, десетте избрани најубави голови од „Ел Класико“ ги постигнале фудбалери на кои се сеќаваат и денешните помлади генерации. Најубавиот гол е дело исто така на Бразилец, гол по кој цел „Сантијаго Бернабеу“ онака господски го испрати со аплауз… Секако, Роналдињо!

Се вчитува...