„Најважно е да ги инспирираш луѓето да бидат најдобри“ – со ова мото живееше Коби

„Најважната работа е да се обидеш да ги инспирираш луѓето да бидат најдобри во тоа што го работат“ – ова е мотото од кое се раководеше Коби Брајант. Неговата смрт го потресе светот. Наследството кое го остави зад себе ќе биде вечна инспирација за бројни генерации.

Во играчката кариера постигна многу и стана легенда на Лос Анџелес Лејкерс и на НБА – лигата. Се занимаваше и со хуманитарна работа обидувајќи се да им го олесни животот на помалку среќните и социјално ранливите категории. Тој беше семоќен на кошаркарскиот терен, сакаше и умееше да ги инспирира другите луѓе со своите животни потези, за да бидат најдобри во тоа што го умеат.

Се вчитува...