Наковска Бикова на само чекор од финалето – на крајот деветта во дисциплината П3-Спорт пиштол на 25 метри

Македонската олимпијка Оливера Наковска Бикова не успеа да се избори за финале во дисциплината П3-Спорт пиштол на 25 метри на Параолимписките игри во Токио.

Наковска Бикова во финалната квалификациска рунда со погодени 90, 91 и 93 круга во „рапид“ заврши на деветтата позиција од вкупно 30 натпреварувачи не успевајќи само за едно место да се пробие во финалето каде се најдоа најдобрите осум од квалификациите.

Претходно, во првиот круг квалификации Наковска Бикова имаше извонредно пукање завршувајќи на второто место веднаш зад Кинезот Џинг Хуанг.

Се вчитува...