Налог за апсење на ѕвездата на Лејкерси, ДеМаркус Казинс

Полицијата во Алабама издала налог за апсење на ѕвездата на ЛА Лејкерс, ДеМаркус Казинс.

Казинс минатата сабота се женеше. Силно посакуваше на свадабата да биде и неговиот седумгодишен син, но мајката Кристи Вест тоа не го дозволувала. Па, по телефонска караница со неа, Казинс и се заканил:

„Ќе се погрижам да ти ставам метак во твојата е..на глава.“

Тоа на крајот и го чинеше. По пријава од Кристи Вест, покренат е налог за негово апсење поради отворени закани за загрозување на живот, за што во Алабама се добива и можна затворска казна до една година.

Казинс неодамна доживеа и нова тешка повреда на коленото, па нема да може да им помогне на Лејкерси во поголемиот дел од сезоната.

Се вчитува...