Наместо скок, забивање во сопствен кош (видео)

Њујорк изненадувачки славеше на гостувањето во Сакраменто, меч што нема да се памети по конечниот исход, туку по големиот „кикс“ на гостинскиот кошаркар Кевин Нокс, кој не само што си постигна „автокош“, туку и тоа го стори со атрактивно забивање.

Нокс се збуни во обидот за скок под сопствениот кош, па наместо да ја тргне топката од обрачот, тој атрактивно ја внесе низ мрежичката.

Се вчитува...