Наместо спектакл – смешка: Мејведер го избриша подот со Насукава (видео)

Борбата меѓу Флојд Мејведер и Теншин Насукава во боксерски ринг беше најавувана како новогодишен спектакл, со оглед на фактот дека и американскиот боксер и јапонскиот кик-боксер немаат професионални кариери.

Сепак, денешната борба мина во апсолутна доминација на Мејведер, кој за неполна рунда три пати го легнуваше на земја Јапонецот, пред неговиот тим конечно да фрли пешкир во рингот, прогласувајќи капитулација.

Почетното одмерување на силите траеше околу една минута, а откако увиде со што располага противникот Мејведер тргна во офанзива, „бришејќи го подот“ со младиот Јапонец.

Погледнете ја целата борба меѓу Мејведер и Насукава, која траеше нешто повеќе од две минути, а за која Американецот заработи над девет милиони долари.

Се вчитува...