Нандо Де Коло останува во ЦСКА Москва

Францускиот репрезентативец Нандо Де Коло потврди дека ќе остане во редовите на ЦСКА Москва. Поранешниот играч на Сан Антонио и на Торонто, можеше по трет пат да заигра на НБА терените поради интересот од неколку тимови од САД, откако сезонава повторно брилираше во Евролигата и во руското првенство. Но, Де Коло истакна дека е среќен во Москва, има уште две години од неговиот договор со клубот и планира да го испочитува.

„Минатата година го продолжив договорот на уште три сезони и сакам до крајот да останам тука. Среќен сум и се чувствувам одлично во овој клуб. Секоја година имаме амбиции за трофеи, сакам да се натпреварувам со најдобрите, а ЦСКА ми даде се’ што посакав. Исто така и семејството има збор околу одлуката за мојата иднина. Првиот пат кога се вратив во Европа прво што направив е разговарав во мојата сопруга и родителите. Одлуката на крајот е моја, но секогаш барам совет од најблиските, бидејќи и тие го мислат најдоброто за мене“ – истакна Де Коло.

Французинот играше две сезони за екипата на Сан Антонио, но, сепак, не се наметна во голем стил. Неколку пати настапи и за тимот Остин торос во Д-лигата, а со „спарси“ во 2013 можеше да ја освои титулата, но тимот од Тексас загуби од Мајами. Во 2014 година го облече дресот на Торонто репторс, а од летото истата година игра за ЦСКА. Минатата сезона со „армејците“ стана шампион на Европа, а и оваа сезона ќе игра на Ф4 турнирот во Истанбул.

Се вчитува...