Нант ја изненади Барселона и го освои третото место во ЛШ

Ракометарите на Нант славеа во малото финале на Ф4 во Келн со 30-25, и така го освоија третото место во Лигата на шампионите сезонава. Францускиот клуб победникот го реши по првиот дел, откако замина на одмор со 14-9, искористувајќи ја славата игра на Барселона во нападот, односно нивната добра одбрана над актуелниот европски првак.

Во вториот дел Французите само успеаја да ја задржат предноста, а и во овој меч имаше директен црвен картон, откако Бриет заработи исклучување по еден груб прекршок.

Најефикасен беше Одриозола кој постигна шест гола, додека кај Барселона најефикасен беше Ричардсон кој даде осум голови.

За трофејот во ЛШ од 18:00 часот ќе се борат Фуксе Берлин и Магдебург.

Се вчитува...