Нант потврди: Го сакаме Кире Лазаров во тимот!

Нант е сериозно заинтересиран да го доведе Кире Лазаров во своите редови, а раководството на овој тим учесник во ЛШ веќе почнало и разговори со македонскиот репрезентативец околу евентуален трансфер во Франција. ЕКИПА објави дека покрај Шамбери на Ивица Обрван и Данило Брестовац, Нант е вториот клуб со сериозен интерес за најдобриот македонски ракометар, информација што вечерва ја потврди и претседателот на оваа екипа, Гаел Пелетиа.

Кирил Лазаров е еден од најдобрите стрелци во историјата на ракометот, неговите рекорди и статистички показатели заслужуваат почит од сите. Знаеме дека тој со своите 36 години и 18-те сезони во ЛШ може да ни помогне со своето искуство во остварувањето на целите во Лигата на шампионите“ – изјави Пелетие за клупската веб-страница на Нант.

Договорот на Кире Лазаров со Барселона истекува на крајот од оваа сезона и барем засега нема конкретни најави дека соработката би можела да биде продолжена, особено откако каталонскиот гигант пред СП во Франција го комплетираше трансферот на Доленец од Монпелје.

Се вчитува...