Нант прокоцка победа против ПИК Сегед

Кире Лазаров со Нант остана со празни раце и по вториот натпревар во Лигата на шампионите.  По разочарувачкиот пораз од Фленсбург на стартот на домашен терен, европскиот вицешампион на гостувањето во Унгарија загуби од ПИК Сегед со 30-28. Францускиот тим во поголем дел од натпреварот беше во водство, но во финишот ја прокоцка победата.

Нант поведе на стартот и одржуваше предност од 1-2 гола. Домаќините го презедоа водството кон средината на првиот дел (8-6), но потоа Нант  направи серија од 5-1 и го заврши првиот дел со минимална преднсот од 11-12.

Во второто полуврме, францускиот тим постојано беше во позитива највисока со +4 (18-22). Домаќините во финишот го засилија притисокот и на пет минути пред крај изедначија на 27-27, а потоа и поведоа со 28-27. Со 30 погодок во последните секунди, ПИК Сегед стави точка на натпреварот и ги обезбеди бодовите.

Кире Лазаров го предводеше нападот на Нант и беше најефикасен со шест погодоци од  седум обиди. Кај ПИК Сегед прв стерелц беше Ричард Бодо со осум гола.

Во следното коло од ЛШ, Нант на 30 сепетмеври го пречекува Скјерн.

Се вчитува...