Наоми Осака го откажа учеството на Ролан Гарос

Шампионката од УС опен, Наоми Осака нема да биде дел од годинашното издание на Ролан Гарос, поради повреда на тетивата. 22-годишната Јапонка проблем со тетивата имаше и во текот на американската турнеја, кога мораше да го предаде и финалето на Синсинати турнирот, а се мачеше и на УС опен на кој на крајот сепак успеа да стигне до трофејот.

„За жал годинава нема да бидам дел од Ролан Гарос. Се уште имам проблеми со тетивата, така да нема да имам време да се подготвам за турнирите на земјена подлога“, изјави Осака. 

Осака во Њујорк стигна до третата грен-слем титула во кариера. Покрај двете на УС опен има и една на Австралија опен.

Се вчитува...