Вооружен напад на Мејведер од заседа, повреден неговиот телохранител

Конвојот на автомобили во кој бил и Флојд Мејведер бил нападнат од заседа додека боксерот и неговото друштво се враќале од еден ноќен клуб во Атланта. Непознат напаѓач исппукал неколку истрели од огнено оружје кон возилото во кое се наоѓал телохранителот на Мејведер, а еден куршум го погодил во ногата.

Полицијата во Атланта смета дека напаѓачот смислено го нападнал возилото во кое бил телохранителот.

„Веруваме дека Мејведер бил во едно од возилата и дека не е повреден. Едно возило застанало покрај конвојот и од него се испукани неколку истрели кон возилата. Сите три возила потоа побегнале, но напаѓачот продолжил да ги следи. На крај му побегнале и повредениот телохранител го однеле во болница“ – објави полицијата.

Флојд Мејведер замина во боксерска пензија како непоразен шампион. Последната борба му беше со ММА борецот Конор Мекгрегор.

Се вчитува...