Репрезентативецот на Косово, Фисник Аслани, е изборот на раководството на Лајпциг за нов напаѓач и замена за Јан Диоманде, кој кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.
Лајпциг упорно тврдеше дека Диоманде нема да си замине додека не биде договорен неговиот наследник, управата на бундеслигашот остана на зборот, па денеска даде зелено светло за неговото заминување откако во меѓувреме го договори трансферот на Аслани.
Косовскиот офанзивец доаѓа за вкупно 30 милиони евра, од кои 25 милиони се загарантирани, а пет милиони врзани со неколку клаузули. Ако се знае дека Диоманде е продаден за загарантирани 125 милиони јасно е дека финансиска добивка на Лајпциг е огромна, но останува да се види дали Аслани ќе успее достојно да го замени брзоногиот офанзивец кој имаше блескави партии минатата сезона.
Аслани минатата сезона постигна 10 гола и 7 асистенции во дресот на Хофенхајм, помагајќи овој тим да се избори за враќање во европските купови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
