Наполи – Арсенал, дерби во четвртфиналето во ЛЕ

Наполи – Арсенал е најинтересниот двобој од четвртфиналето во Лигата на Европа, одлучи денешната ждрепка во Нион. Во шпанската пресметка ќе се сретнат Виљареал и Валенсија. Бенфика, која го исфрли Динамо Загреб на нашиот Аријан Адеми во четвртфиналето ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт, а најлесна задача барем на хартија ќе има лондонскиот Челси кој ќе се сретне со изненадувањето Славија Прага.

Во полуфиналето победникот од дуелот Наполи – Арсенал, ќе игра со подобриот од дуелот Виљареал – Валенсија. Во второто полуфинале ќе се сретнат победниците од мечевите: Бенфика – Ајнтрахт и Славија Прага – Челзи.

ДВОЈКИ ЗА ЛЕ, ЧЕТВРФИНАЛЕ

НАПОЛИ – АРСЕНАЛ

ВИЉАРЕАЛ – ВАЛЕНСИЈА

БЕНФИКА – АЈНТРАХТ

СЛАВИЈА ПРАГА – ЧЕЛЗИ

Првите четвртфинални натпревари се на 11. април, а реваншите на 18. април.

Се вчитува...