Наполи држеше час по модерен фудбал во Рим

Рома е се подалеку од место кое води во ЛШ следната сезона откако „волчицата„ претрпе уште еден пораз, трет во последните четири кола од „Серија А“. Во дербито на колото римскиот клуб попладнево го пречека Наполи, дуел во кој гостите целосно доминираа и заслужено славеа со 1-4.

Милик постигна прекрасен гол по неполни две минути игра и го најави беспрекорното издание на „наполитанците“. Пероти израмни од пенал пред самиот крај на првото полувреме, но Наполи доминираше и во вторит 45 минути, постигнувајќи два гола преку Мертенс и Верди и осигурувајќи ги трите бода на ова исклучително тешко гостување. Конечните 1-4 во финишот ги постави Јунеш.

Фиорентина и Торино ремизираа 1-1, Симеоне ги доведе домаќините во водство, а Базели спаси бод за гостинскиот тим.

Резултати Италија:

Парма – Аталанта 1-3, Рома – Наполи 1-3, Фиорентина – Торино 1-1, Фросиноне – Спал 0-1.

Се вчитува...