Наполи емотивно се збогуваше од Елмас: Засекогаш ќе бидеме со тебе

И дефинитивно, Елиф Елмас нема да го носи дресот на Наполи следната сезона. Македонскиот репрезентативец заврши со позајмицата во тимот од Неапол, и ќе има нова средина. Тој е под договор со Лајпциг, кој ќе одлучува за неговата иднина.

Елмас мина една сезона во Наполи, и остави траен белег во екипата со неколку добри партии и настапи. Но, по тренерската смена откако тимот до презеде Масимилијано Алегри, клубот смета дека нема потреба од него и му посака се најдобро во иднина.

„Ти благодариме Елиф. Засекогаш ќе бидеме со тебе“, стои во објавата на Наполи.

Се вчитува...