Наполи го освои Бергамо

Наполи ја совлада Аталанта со 1-2 на гости во Бергамо и се врати на втората позиција на табелата во Серија А со 32 бода. Тимот на Карло Анчелоти сега има негатива од осум бода во однос на лидерот Јувентус.

Руиз во втората минута го доведе Наполи во водство, но израмни Запата на почетокот на вториот дел. Сепак, во финишот, Аркадиуш Милик во 85.минута постигна победнички погодок за „наполитанците“.

Се вчитува...