Наполи и Елмас броеjа до три за крај на сезоната

Наполи сезоната 2021/22 ја заврши со убедлива победа од 0-3 на гостувањето кај Специја. Натпреварот го отвори Политано со гол во 4. минута, а веќе до 36. гостите преку Зиелински и Деме ја потврдија победата.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра 90. минути на денешниот натпревар, но не успеа да се запише во листата на стрелците.

Натпреварот од 38. коло немаше значење за Наполи со оглед на тоа што тимот претходно ја осигура третата позиција на табелата која води во Лигата на Шампионите следната сезона.

Се вчитува...