Наполи испушти победа над Рома, Елмас и компанија ја губат трката за скудето (ВИДЕО)

Наполи и Елмас не успеаја да им се вратат на победите, па уште повеќе си ја отежнаа работата во трката за скудето. Вечерва тимот од Неапол се задоволи само со реми во дербито против Рома во рамки на 33.коло во Серија А (1-1).

Натпреварот го отвори Лоренцо Инсиње во 11.минута, успевајќи да биде прецизен од белата точка. До крајот на првото полувреме домаќините ја имаа контролата над топката во свои нозе, па на пауза се замина со минимална предност.

Во вториот дел Ељиф Елмас доби шанса од клупата за резерви, македонскиот репрезентативец влезе во игра во 68. минута како замена за Хирвинг Лозано.

Наполи успеваше да ги неутрализира нападите на Рома, а во 80. минута „волчицата“ остана без еден играч, „благодарение“ на Даниел Серантула Фузато, кој заработи црвен картон, момент кога се мислише дека се оди во прилог на тимот од Неапол.

Сепак, гостинскио тим приреди студен туш во 91. минута, а стрелец на голот беше Ел Шарави. Наполи сега има 67 бода и останува на третата позиција Интер, двата тима имаат два помалку од лидерот Милан.

 

 

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1516102308668579854/pu/vid/1280×720/7YtZJfsKVcMRzkJV.mp4?tag=12

 

Се вчитува...