Наполи ја одби понудата на Бенфика од 18 милиони евра за Елмас!

Наполи ја одби понудата на поранешниот европски шампион Бенфика за услугите на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, пренесува угледниот новинар на италијански „Раи“, Чиро Венерто.

Португалската Бенфика испратила официјална понуда до Наполи за ангажман на Елмас, кого силно го посакува, но спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли, потврдил за „Раи“ дека понудата е одбиена затоа што италијанскиот калчолигаш воопшто не размислува да се откаже од услугите на македонскиот фудбалер.

„Наполи добил официјална понуда од Бенфика за Елиф Елмас. Според информациите понудата е дека се спремни да платат помеѓу 15 и 18 милиони евра. Па јас му се јавив на Џунтоли да го прашам дали е вистина и Џунтоли ми одговори: ‘Да, се е вистина, но ние од Елмас не се откажуваме!“ – вели Венерто.

Елмас за 16 милиони евра пристигна од Фенербахче во Наполи, каде минува одлични натпреварувачки години. Изминатиов викенд македонскиот репрезентативец со гол донесе победа за Наполи на гостувањето против Аталанта во Бергамо.

Се вчитува...