Наполи ќе се жали до највисоки инстанци за одлуката на Серија А

Италијанскиот калчолигаш Наполи ќе се жали до највисоките судски инстанци во Италија, но ќе бара разгледување и на Судот за спортска арбитража во Лозана, за одлуката на Серија А шампионот Јувентус да го добие неодиграниот меч против „наполитанците“ со службен резултат 3-0. Истовремено, Наполи е казнет и со одземање на еден бод, затоа што не се појави на „Алијанц арена“ во Торино во предвиденото време.

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, најавува дека ќе бидат ангажирани најдобрите адвокати, а правната битка ќе се води до највисоки инстанци. Наполи не отпатува во Торино затоа што имаше двајца позитивни фудбалери на коронавирус, напиот репрезентативец Елиф Елмас и полскиот интернационалец Пјотр Зиелински. Но, и сите останати фудбалери беа ставени во задолжителна изолација и не смееја да го напуштат карантинот со одлука на општинските власти.

Се вчитува...