Наполи по два нерешени исходи во Серија А, на брутален начин им се врати на победите совладувајќи ја Парма на гости со 0-4. Тимот на Карло Анчелоти беше доминантен и го декласира домашниот состав.
Зиелински го отвори резултатот, потоа два гола постигна Милик, а конечниот епилог го постави Оунас.
Наполи се наоѓа на втората позиција на табелата со 56 бода, дури 13 помалку од лидерот Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА