Наполи не ја плаќа клаузулата – што ќе се случи со Елмас?

Иднината на Елиф Елмас е сериозно доведена во прашање по последните информации од Италија кои говорат дека „сино-белите“ немаат намера да платат за да ја активираат клаузулата за откуп на договорот на македонскиот „дијамант“ со бундеслигашот Лајпциг.

Германскиот весник „Билд“ објави дека клаузулата во висина од 16,5 милиони евра има рок со кој може да биде активирана до средината на месец јуни, но наполитанските медиуми веќе инфоормираат дека Де Лаурентис донел одлука да не плаќа толкава сума за Елмас.

Во Наполи го ценат Елмас, но од друга страна реалноста е дека тој не е стандарден првотимец по враќањето на сите повредени играчи, па токму затоа не сакаат да платат толкава сума за неговиот трансфер. „Наполитанците“ нема да се откажат, но се очекува да понудат максимум 10 милиони евра за потписот на македонскиот репрезентативец, по што на потег ќе биде Лајпциг – дали да даде зелено светло Елиф да остане во Неапол или да чека подобра понуда во текот на летниот преоден рок.

Се вчитува...