Ромелу Лукаку е на чекор од заминување од Наполи и преселба во Фенербахче. Двата клуба постигнале договор за трансфер на белгискиот напаѓач, кој ќе го чини турскиот клуб 6 милиони евра плус дополнителни бонуси.
Лукаку веќе ги поминал медицинските прегледи, а преостанува да се завршат последните формалности пред официјализацијата на трансферот.
Белгиецот треба да потпише двегодишен договор со Фенербахче, со кој ќе стави крај на својот период во Наполи по две сезони во клубот.
Заминувањето на Лукаку отвора простор за Наполи да ангажира нов напаѓач. Италијанскиот шампион меѓу опциите го разгледува Габриел Жезус од Арсенал, кој би можел да биде замена за белгискиот голгетер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
