Наполи испратил официјално барање до Њукасл за можноста да го доведе Ник Волтемаде на позајмица.
Германскиот напаѓач пристигна во Њукасл од Штутгарт за 75 милиони евра, но сега би можел да се пресели во Серија А, каде што е голема желба на италијанскиот шампион.
Наполи паралелно разгледува и други опции за нападот, меѓу кои Марк Гиу од Челзи и Габриел Жесус од Арсенал.
За да направи простор во офанзивната линија, клубот од Неапол сака да го продаде Ноа Ланг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
