Наполи во проблеми: Инсиње со солзи го напушти мечот, ја пропушта Барселона!?

Пет дена пред равеншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Барселона, Наполи во проблеми. Се повреди еден од клучните фудбалери на тимот, Лоренцо Инсиње.

Репрезентативецот на Италија доживеа повреда на вчерашниот дуел на кој Наполи славеше со 3-1 против Лацио и со солзи во очите го напушти теренот. Па, оправдан е стравот меѓу наполитанците дека ќе го пропушти еден од најважните натпревари на сезоната.

Според првичните информации Инсиње има повреда на мускулот, но околу тежината на истата ќе биде познато во следните 48 часа. На прв поглед се чини дека Инсиње ќе мора да го пропушти натпреварот со Барселона.

Првиот натпревар меѓу Наполи и Барселона заврши 1-1, а реваншот се игра следната недела.

Се вчитува...