„Наполитанците“ бесот од Јуве го истурија врз Аталанта

Наполи со фантастична игра го демолираше тимот на Атланта со 4-1, истурајќи го врз гостите од Бергамо бесот за прогласениот службен пораз за неодиграното дерби против Јувентус.

Џенаро Гатузо ги имаше максимално мотивирано своите избраници, кои одиграа неверојатно прво полувреме во кое го торпедираа голот на Аталанта со четири погодоци во мрежата. Лозано ги постигна првите два гола на овој меч, на 3-0 со прекрасен удар од далечина зголеми Политано, а четвртиот погодок беше дело на Осимен, прв гол на нигерискиот голгетер по трансферот од Лил во летниот преоден рок.

Победникот беше решен, а гостите до крајот успеаја само да го ублажат поразот со погодокот на Ламерс во 69. минута.

 

Се вчитува...