„Наполитанците“ ја наполнија мрежата на Фросиноне

Наполи на убедлив начин стигна до 11.победа во Серија А, совладувајќи го Фросиноне на домашен терен со 4-0. Со ова тимот на Карло Анчелоти се искачи на второто место на табелата со осум бода негатива во однос на лидерот Јувентус.

Зиелински во седмата минута го доведе Наполи во водство, а Оунас пред крајот на првиот дел зголеми на 2-0. Во второто полувреме се разигра Аркадиуш Милик, кој додаде уште два гола за убедлив триумф од 4-0.

Се вчитува...