Напорно, ама не и здодевно: Одбојкарите во Маврово билдаат сила за ЕП (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Веќе трета седмица македонските одбојкарски репрезентативци се во жесток тренажен процес кој треба да ги подготви за настапот на Европското првенство во септември. По неколку часа и претпладне и попладне минуваат во салата во Маврово.

„Напорно е, но тренерите кои ги имаме, за тактика и кондицискиот, ни прават воопшто да не ни е здодевно, на овој дел од подготвките кој инаку е најпознат по здодевноста“ – велат одбојкарите.

Тие до 15 август остануваат во Маврово, потоа ќе влезат во серијата контролни натпревари кои треба да им бидат финализирање на формата и тактичките замисли пред стартот на шампионатот.

 

Се вчитува...