Наследникот на Депај во Лион доаѓа од Зенит

Лион го комплетираше трансферот на Шаќири од Ливерпул, но шваајцарскиот плејмејкер нема да биде последното засилување на „Жерлан“ во овој преоден рок. Лион се уште е во потрага по нов голгетер кој би го заменил Мемфис Депај по неговиот трансфер во Барселона, а изборот на директорот Жунињо паднал врз Сердар Азмун од Зенит.

Иранскиот голгетер беше најзаслужен за шампионската титула на Зенит постигнувајќи 19 гола минатата сезона, но Азмун не крие дека сака нов предизвик во кариерата, во некоја од посилните европски лиги. Тој веќе ги договори личните услови со Лион, а францускиот клуб испрати и понуда до рускиот првак во висина од 15 милиони евра.

Неофицијално, Зенит му ветил на Азмун дека летово ќе може да го напушти клубот, па се очекува челниците на рускиот гигант да дадат зелено светло за заминување на најдобриот напаѓач на оваа екипа.

Се вчитува...