Наследникот на Вајналдум во Ливерпул доаѓа од Мадрид

Јирген Клоп го избра фудбалерот што го посакува во тимот на Ливерпул како наследник на Џини Вајналдум, кој летово како слободен играч си замина од „Енфилд“ и се пресели во редовите на ПСЖ. Шпанскиот плејмејкер Саул Нигез е желбата на Клоп како ново засилување на „црвените“, но сега доаѓа потешкиот дел од задачата – управата на Ливерпул да се договори со Атлетико за висината на трансферот.

Среќна околност за англискиот премиерлигаш е што Нигез има само уште една година од актуелниот договор, па Атлетико сака да го продаде за да не ризикува тој следното лето да си замине без никаква отштета. Поради ова е падната и вредноста на Саул, за кого шпанскиот првак сега ќе бара отштета од 40 милиони евра. Диего Симеоне веќе даде зелено светло за заминувањето на Саул Нигез, договарајќи го Аргентинецот Де Паул од Удинезе како негова заменаа во тимот на Атлетико.

Проблем за Ливерпул е што интерес за истиот фудбалер покажаа и Манчестер Јунајтед и Арсенал, па „црвените“ ќе мораат што побрзо да реагираат за да го осигураат потписот на Нигез.

Доколку овој трансфер не се реализира, план Б е ангажманот на Сабицер од Лајпциг, кој исто како и Нигез има само уште една година од актуелниот договор со својот клуб.

Се вчитува...