Насловната страница на „Марка“ блесна во боите на Македонија (ФОТО)

Фудбалерите на Македонија вечера во Порто ќе се обидат да испишат нова историја. Португалија ќе биде последната пречка за нашите „рисови“ за чекирање на билет за пласман на големиот Мундијал во Катар.

Македонија направи вистинска сензација на овие дополнителни квалификации, откако во четвртокот во полу-финалето го елиминираше актуелниот европски првак Италија. Вечерва, исто како и во четвртокот против Италија, нашата селекција ја има улогата на аутсајдер, но дополнително ја има поддршката од целата нација и веројатно огромното мнозинство неутрални набљудувачи кои би сакале да видат уште едно големо изненадување.

На страната на Македонија индиректно застана и познатиот шпански весник „Марка“, кој на денешната насловна страница го објави македонското знаме и ликот на Кристијано Роналдо со наслов „Убијците на великаните му се закануваат на Роналдо“.

 

 

Се вчитува...