Настрада затоа што јавно го понижи Делонте Вест (ВИДЕО)

Полицијата во државата Мериленд, го суспендираше полицаецот кој го снимаше поранешниот НБА кошаркар Делонте Вест. Делонте на видеото, седи на тротоар со скината маица и врзан со лисици.

Видеото се појави на социјалните мрежи. Набрзо потоа полицијата спроведе истрага по која одлучи полицаецот да добие суспензија. На социјалните мрежи се појави и второ видео, на кое се гледа како еден човек го тепа поранешниот кошаркар, кој сака да се самоубие.

Делонте во НБА играше од 2004 до 2012 година, а и во текот на професионалната кариера имаше многу проблеми со законот.

 

Се вчитува...