Натпревар на колото: Гостиварци и битолчани ја подготвија „артилеријата“

Највозбудливиот натпревар од 17. коло во Првата лига ќе биде одигран во Гостивар каде истоимениот тим ќе го пречека Пелистер со почеток од 17 часот.

Овие два тима ни прередија одличен натпревар во првиот дел од сезоната во кој беа постигнати 226 поени, а како победник од Битола замина Гостивар кој славеше со 111-115. „Сино-белите“ го знаат рецептот за победа против „зелено-белите“, но на домаќините нема да им биде нималку лесно против расположениот тим од југот, а пех за гостиварци ќе биде и отсуството на тренерот Србиновски кој поради коронавирусот нема да биде на клупата на својот состав.

„Очекувам да изиграме борбено и да им запреме контрата на Пелистер и се надевам на победа. Овој натпревар ќе биде многу чиден за нас со оглед на тоа што тренерот Србиновски е позитивен на Ковид-19 и нема да биде со нас. Се надевам дека ќе изгинеме за него и ќе дојдеме до победа“ – изјави за ЕКИПА, Ивица Димчевски.

„Пелистерци“ пак се наоѓаат во извонредна серија по поразот од Гостивар и имаат забележано четири победи во низа на кои само еднаш не успеаја да ја надминат границата на сто постигнати поени. Мотив плус за избраниците на Илиевски секако дека ќе биде и поразот на првиот меѓусебен меч оваа сезона.

Едно е јасно, ни претстои одличен дуел кој се надеваме дека ќе ја следи сликата од „Боро Чурлевски“, а нека победи подобриот.

 

Се вчитува...