Натпреварите на Академија Пандев на „Спортклуб“: Струмичани прв клуб кој самостојно ги продаде ТВ-правата

Академија Пандев и официјално ги продаде ТВ-правата од своите домашни натпревари во Првата македонска фудбалска лига на спортскиот телевизиски канал Спортклуб.

„На наше огромно задоволство објавуваме дека oд наскоро домашните натпревари на ФК Академија Пандев ќе одат во живо на регионалниот спортски телевизиски канал Спортклуб. ФК Академија Пандев е првиот фудбалски клуб во нашата држава кој самостојно ги продаде ТВ-правата на регионална телевизиска куќа. Договорот е веќе потпишан и важи за домашните куп и првенствени натпревари за наредните три сезони, почнувајќи од тековната 2021/22, 2022/23 и 2023/24 сезона!“ – информираат од Академија Пандев.

Струмичани претходно одбиваа да го потпишат договорот за ТВ-правата со ФФМ кој го потпишаа сите домашни прволигаши, со исклучок на Шкендија која исто така е во преговори за продажба на правата за своите домашни натпревари.

Натпреварите на останатите клубови од елитниот домашен шампионат се очекува во најскоро време да бидат пренесувани на спортскиот регионален канал Арена и на МТВ.

Се вчитува...