Натпреварите со Словенија и со Казахстан со навивачи: Дозвола за 30% од капацитет на „Тодор Проески“!?

Македонската репрезентација би можела да биде испратена на ЕВРО 2020 и од страна на македонските фанови. Според најавите се очекува од 1. јуни од страна на Владата дозвола за организација на спортски настани со одреден број навивачи на трибините, со што ќе се отвори простор и за фанови на националната арена „Тодор Проески“ на пријателските натпревари со Словенија (1. јуни) и Казахстан (4. јуни) во Скопје.

Согласно последните информации, од Фудбалската федерација на Македонија побарале од Комисијата за јавно здравје дозвола пријателските натпревари да се играат со 30% исполнетост на арената „Тодор Проески“ со што околу 10.000 навивачи би присуствувале на двата натпревари.

Има позитивни најави дека ќе биде овозможено присуство на публика на трибините, но сето тоа ќе зависи и од препораките на Комисијата за јавно здравје врз основа на епидемиолошката слика во земјава на почетокот од следната недела.

Се вчитува...