Натпреварите во веслање на ЛОИ 2032 ќе се одржат во река во која „врие“ од крокодили

Реката Фицрој, во која има околу 500 крокодили, денеска официјално доби одобрение да биде домаќин на натпреварите во веслање и во кану на Олимписките и Параолимписките игри во 2032 година кои ќе се одржат во Бризбејн, Австралија, објави Би-би-си.

Би-би-си истакнува дека при проценката не се земени предвид крокодилите, наместо тоа, се анализирало „како патеката би функционирала во различни услови – вклучувајќи ги временските прилики, нивото на водата и ризикот од поплави.

Извештајот е изготвен по нарачка на Управата за инфраструктура и координација на Игрите, од каде што посочија дека локацијата за веслање на мирни води на реката Фицрој веќе служи како место за тренинзи и натпревари.

Реката Фицрој тече на околу 600 километри северно од Брисбејн, а изборот предизвика контроверзи поради силните речни струи, 500-те крокодили, и ризикот од поплави.

Неколку илјади Австралијци потпишаа петиција со која бараат да се преместат натпреварувањата во веслање во наменски изграден објект за ЛОИ 2032 кој е многу поблиску до Бризбејн.

Се вчитува...