Националите се собраа за Ерменија и Исланд: Насмевката нека остане и по завршување на квалификациите

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски, денеска точно напладне ги прозиваше фудбалерите, кои денеска ги почнуваат подготовките за последните два натпревари во квалификациите за пласман на СП против Ерменија и против Исланд.

Со насмевки сите репрезентативци дојдоа на последниот собир годинава, а сите посакуваат насмевките да останат и после овие два натпревари, односно да се обезбеди тоа второ место кое носи бараж за пласман за Мундијалот. Иако работите не зависат само од нас, сепак, селекторот Благоја Милевски неколку пати кажа дека нема да се откажеме од тоа второ место, се додека има шанси.

Попладне селекцијата ќе го одржи и првиот тренинг.

Се вчитува...