Научници сакаат да го истражуваат телото на Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимови без дилеми е еден од најдобрите напаѓачи кои се појавиле во историјата на фудбалот. Шведскиот фудбалер моментално настапува за МЛС тимот на ЛА Галакси, а со 38 години изгледа неверојатно.

Иако пред неколку години кога играше во Манчестер Јунајтед во поодминати години заработи тешка повреда на коленото, тој успеа да се врати и повторно да игра на високо ниво. Враќањето од повредата ги заинтересира и научниците од Универзитетот Питсбург.

„Неговото колено е толку силно што лекарите тврдат дека досега не виделе нешто такво. Има колено кое е апсолутно невозможно да иам еден спортист кој професионално игра скоро 20 години. Толку е силен што докторите сакаат да прават испитувања на неговото тело по крајот на кариерата“, изјави менаџерот на Ибрахимовиќ, Мино Раиола. 

Се вчитува...