Наумче Мојсовски во Управниот Одбор на РФМ

Веднаш по реизборот на Живко Мукаетов за претседател на Ракометната Федерација на Македонија беше изгласан и новиот Управен Одбор на РФМ.

Покрај бројните успешни бизнисмени, место во ова тело се најде и за Наумче Мојсовски, кој по завршувањето на играчката кариера останува во мак-ракометот. Иако во изминатите месеци беше поврзуван со трансфер во клубови од Македонија и странство, искусниот бек сепак реши да не потпише договор со ниту еден од нив.

Мојсовски долги години беше нераскинлив дел од македонскиот ракомет, како на репрезентативен, така и на клупски план, па веднаш по прекинот на активното играње тој ќе остане дел од овој спорт, како член на Управниот Одбор.

Се вчитува...