Голманот на Шкупи, Кристијан Наумовски кој настапуваше и во романскиот шампионат, за медиумите од оваа земја говореше пред натпреварот со Македонија кој ќе се игра утре на националната арена во Букурешт. Тој вели дека Македонија има одличен тим, а Пандев е вистински лидер на оваа генерација млади фудбалери.
„Ќе биде тежок натпревар. Македонија има одлични играчи и сигурен сум дека ќе и биде многу тешко на Романија. Македонија доаѓа во Букурешт по победа. Горан Пандев е феномен, тоа е најдобриот играч во историјата на мак фудбалот и идол на многу млади. Тој е лидер, човек со карактер и секогаш сака на сите да им помогне. Покрај Пандев тука се и Елмас, Алиоски, Несторовски, Барди… Но, сепак мислам дека најопасни ќе бидат Пандев и Елмас“, вели Наумовски.
Наумовски во два наврати ги бранеше боите на Динамо Букурешт од 2010 до 2014 и во 2015 година, а за романскиот гигант запиша вкупно 36 настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА