Навали Европо: Луис Суарез повторно достапен

Легендарниот уругвајски репрезентативец Луис Суарез повторно е достапен на трансфер маркетот откако пропадна неговиот договор со Ривер Плата. Причина за истото е елиминацијата на аргентинскиот тим од Копа Либертадорес, а амбициите на искусниот голгетер остануваат високи.

Тоа го потврди и поранешниот фудбалер на Национал, Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.

„Големи беа шансите да заминам во Ривер и покрај тоа што сакав да останам во Европа, но откако беа елиминирани од Копа Либертадорес договорот пропадна“, изјави Уругваецот.

Триесетипетгодишникот со огромно искуство е на радарот не неколку европски великани меѓу кои и Баерн Минхен по голема желба за заминување на Роберт Левандовски, но според шпанските медиуми големи се шансите да го продолжи договорот со Атлетико Мадрид на уште една сезона.

Се вчитува...