Навивач го навредуваше поранешниот кошаркар на Звезда, а тој му одговори – „Брате не играше Вучиќ“

Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда и миленик на навивачите на овој тим Чарлс Џенкинс го прослави освојувањето на купот „Радивоје Корач“ на „црвено-белите“. Сепак, како што е редот тој доби многу навреди од навивачите на Партизан, а еден коментар посебно го привлече вниманието на јавноста.

На постот на Џенкинс на кој напиша „Купот е наш“, еден од фановите на „црно-белите“ му напиша „Вучиќ е ваш, липај куче“.

На овој твит поранешниот кошаркар на Црвена Звезда возврати со зборовите „Биди поштен брате, Вучиќ не играше“.

 

 

Се вчитува...