Навивач на Порто тргна сам кон трибината на Јуве, и ги шокираше сите!

Песната на навивачите на Порто траеше и по натпреварот во Торино каде нивниот клуб испадна од Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите. Но, светот го заобиколи и едно видео кое ја демонстрираше суштината на фудбалот, наспроти агресивниот хулиганизам кој себе се нарекува навиваштво.

Навивач на Порто се одлучи да комуницира со навивачите на „Старата дама“, потоа и прескокнувајќи ја и оградата која го делеше од нив. Навивачите и од двете страни ја набљудуваат таа ситуација, како и редарите кои се во очекување што ќе се случи. Навивачот сам тргнува кон трибината на Јуве покажувајќи со прст кон еден од италијанските навивачи, доаѓа до него подарувајќи му го шалот на Порто… Сето тоа со аплауз дочекано од трибините…

Португалските медиуми пренесуваат дека се работи за водачот на групата навивачи на Порто, Фернандо Мадуреира, кој со својот пример сакал да покаже дека навивачите не треба да се гледаат само низ призмата на хулиганските напади…

Се вчитува...