Навивач на Реал со живот ќе ја платеше прославата на европскиот трофеј! (ВИДЕО)

Навивач на Реал Мадрид со живот ќе ја платеше, за малку, прославата на освоената европска титула на својот омилен тим.

По победата над Јувентус во финалето од ЛШ меѓу навивачите на „кралевите“ завладеа вистинска еуфорија, а еден од нив бил толку восхитен што се одлучил да се искачи на споменик во Палма де Мајорка. Неговиот обид за имитирање на „Спајдермен“ за малку ќе го чинеше глава. Несреќниот човек падна на камените скали, па откако итно беше префрлен во клиника каде се утврдени повреди на кичмата и главата.

Неговата здравствена состојба не е до крај позната, но според тврдењата е надвор од животна опасност, иако го чека тежок период на опоравување…

Се вчитува...