Срамно: Херојот на Арсенал плукнат на „Месталја“

Арсенал ја совлада Валенсија нагости со 2-4 и се пласираше во големото финале во Лигата на Европа кое ќе се игра во Баку, Азербејџан. Херој на „топчиите“ беше Пјер-Емерик Обамејанг, кој стана првиот фудбалер во полуфинале во Лига Европа, кој постигнал три гола по Радамел Фалкао, кој во 2011 година во дресот на Порто, беше стрелец во мечот против Виљареал.

Сепак и покрај одличната претстава, Габонецот по прославата на еден од головите беше плукнат од страна на еден навивач на Валенсија, кој беше фатен од камерата поставена на теренот.

Се вчитува...