Навивачот на Ренџерс, Томас Мекалистер (25), почина во Лисабон откако беше таму со приврзаниците на шкотскиот тим за да му даде поддршка на тимот на нивниот натпревар против Бенфика во Лигата на Европа.
Трагичната вест ја потврди и клубот кој се огласи на официјалниот сајт.
„Во име на клубот сакам да упатам сочувство до семејството на Томас, пријателите и најблиските. Оваа вест ги погоди сите во клубот, како и навивачите. Никој никогаш не треба да оди на фудбалски натпревар, а да не се врати дома. Ние сме подготвени да му помогнеме на неговото семејство на кој било начин во наредните денови и недели“, рече извршниот директор на Ренџерс, Џејмс Бисгроу.
Се појавија различни шпекулации за причината за смртта, а еден од навивачите изјави дека е пронајден во несвест пред стадионот, но засега нема официјални потврди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА