Навивачи на Реал не веруваа во тимот, па станаа хит на интернет (ВИДЕО)

Реал Мадрид се пласираше во уште едно големо финале во Лигата на Шампионите откако во реванш средбата против Манчестер Сити славеше со 3-1 по продолженија. „Кралевите“ се наоѓаа пред елиминација, но херојот Родриго со два гола во 90. и 92. минута донесе продолженија, а во нив Бензема беше непогрешлив од белата точка.

Работите не беа во полза на Реал Мадрид до самиот крај на регуларниот дел од мечот па мала група навивачи се одлучи да го напушти стадионот, неверјувајќи во камбек на својот тим, но пропуштија неверојатна победа. А, камерите ги затекнаа истите како седат пред влезот на стадионот по славјето на трибите, проследувајќи го мечот на својот телефон бидејќи не можеа повторно да влезат на стадионот па станаа хит на социјалните мрежи.

Се вчитува...