Навивачи од цела Македонија со поддршка за фудбалерите на „Стожице“ (ВИДЕО)

ЕКИПА ВО ЉУБЉАНА, 

Никола Станикевски 

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва против Словенија ќе го одигра вториот натпревар од Б-дивизијата во новото издание во Лигата на нации. По воведниот пораз од Швајцарија, мислите сега се насочени кон Словенците кои во првото коло ремизираа против Шкотска.

Нашите фудбалери на арената „Стожице“ ќе имаат поддршка од 500 навивачи буквално од цела Македонија. На стадионот во Љубљана има навивачи дојдени од Скопје, Велес, Прилеп, а секако има и Македонци кои што живеат во Словенија.

 

Се вчитува...