Навивачите до Спалети: Оди си и ќе ти го вратиме украдениот автомобил!

Бизарна ситуација во Неапол. Навивачите на Наполи со причина ги „бие“ лош глас во Италија. Тие на неверојатен начин му порачаа на сегашниот тренер Лучијано Спалети да си замине од клубот.

Откако му го украле автомобилот, тие му испратиле порака дека ќе му го вратат, но имаат еден услов.

„Спалети, ќе ти ја вратиме Пандата… Само оди си!“, била пораката на навивачите пред стадионот.

Паролата ја потпишале „крадците“, а таа е потсетник дека искусниот тренер остана без својот автомобил во октомври минатата година.

Се вчитува...